Аднан Јанузај е талентиран фудбалер, но и опасен глумец на фудбалските терени. Тоа го потврдува податокот дека со само 14 натпревари за Манчестер јунајтед во Премиер лигата се проби на второто место на вечната листа за најказнувани играчи поради глумење фаул. Против Тотенхем завчера, Јанузај го доби петтиот жолт картон за популарниот „дајвинг“ или пад без контакт од противнички играч.
Со тоа го престигна соиграчот од Јунајтед, Ешли Јанг, а пред нив е само Герет Бејл од времето додека настапуваше за Тотенхем, со 7 жолти картони за глумење фаул. „Црвените ѓаволи“ се екипата што има најмногу опомени за глумење непостојни прекршоци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Во 12.500 пораки го опишале одвратното злоставување на бебе и 5 годишно девојче: Мајката и љубовникот осудени на 50 години затвор
-
Кога Англија игра фудбал, Британците ги тепаат жените
-
По пауза од 28 години Англичаните се во полуфинале на фудбалското СП
-
Англичаните се спасија во судиското продолжение


