| четврток, 6 декември 2018 |

Уште едно бизарно име на децата на познатите

Кејт Винслет се придружи кон трендот на познатите кои на своите деца им даваат чудни имиња. Така глумицата за своето трето дете го одбра името Беар (Bear), што во превод значи мечка.

Актерката и нејзиниот сопруг Нед Рокенрол подготвени го дочекаа доаѓањето на детето, а, како што вели агентот на Кејт, детето ќе го носи презимето на мајката.

– Двајцата одлично се снајдоа со новиот член на семејството. Двојката се одлучи на детето да му го даде името Беар – пренесува агентот.

Сепак, Кејт не е прва што на детето му даде вака чудно име, Бијонсе нејзината ќерка ја крсти Blue Ivy (плавиот бршлен), а Ким Кардашијан се одлучи за името North West (север запад).

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top