Филип Миркуловски
роден: 14 септември 1983 година
тежина: 91
висина: 189
клуб: „РК Металург“
позиција: среден бек
одиграни репрезентативни натпревари: 125
Миркуловски започнал да тренира на 13 годишна возраст. Потекнува од школата на „РК Македонија“, клуб во кој се задржал 7 години. Во „РК Металург“ заминал во сезоната 2003/04.
Пред претстојното првенство во Данска, Миркуловски за Република ТВ изјави:
– Се надеваме на добар пласман. Приоритет ни е да ја поминеме групната фаза што би било доста голем успех бидејќи се наоѓаме во доста тешка група. Добро сме спремни, ќе гледаме да се подготивиме и уште подобро за да го повториме пласманот од Србија, ако не и да го подобриме. Повредата на Наумче Мојсовски не потресе сите па така сега имаме и поголем мотив да одиграме за него.
Вели битно е сите да останат здрави, да не ги пратат повреди. Смета дека Данска е најквалитетен противник, земјата домаќин, која ќе го брани златото од последното ЕП. Смета дека шансата за понатамошен пласман е во мечот против Чешка, како и оној против Австрија.
–Ќе гледаме да земеме четири бода и да префрлиме два во следната фаза – вели Миркуловски.
Како опасен тим од втората фаза, доколку Македонија се пласира ја гледа репрезентацијата на Шпанија.
Целиот разговор погледнете го на следниот линк на Република ТВ.
Слушнете ги очекувањата и прогнозите на Филип Лазаров
Разговараше: Владо Оцевски
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.