Ракометарите на Металург попладнево беа поразени од Војводина во натпревар од регионалната СЕХА лига. На средбата од 4.коло одиграна во Нови Сад, екипата на Металург загуби од српскиот првак Војводина со 21-19 полувреме 11-11.
Најзаслужен за првата победа на Војводина беше Душан Трифковиќ со 4 гола, додека кај Металург, а воедно и на натпреварот најефикасен беше Филип Кузмановски со 5 гола, додека Божо Анџелиќ постигна еден помалку. За тимот од Автокоманда ова беше втор пораз во СЕХА конкуренцијата.
За македонските претставници Вардар и Металург, викендов претстојат натпреварите од 2.коло во Лигата на шампиони, и тоа двата во Скопје.
Вардар во сабота (17:30 часот) ќе биде домаќин на Нант, додека во недела (17 часот) Металург го пречекува Бешикташ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.