Филип Миркуловски, големиот борец во дресот на Македонија, по поразот од Данска со доза разочарување зборуваше пред новинарите за настапот на нашата селекција на овој европски собир. Истакна дека поразот од Чешка направил голем проблем.
– Првото полувреме го одигравме како што се договоривме. Бевме во рамките на наштие можности. Во вториот дел паднавме, можеби резултатот на Словенија и Чешка не падна психички затоа што немавме шанса за петтото место. Повредата на Лазаров исто така не исфрли малку од ритам. Ако ја победевме Чешка, се ќе беше друго, изјави Миркуловски.
Македонија го заврши ЕП на 11. позиција, пред Србија која е 12. пласирана.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.