| четврток, 6 декември 2018 |

Миркуловски: Наумче е мотив плус да одиграме подобро на европското (видео)

Македонските ракометари се подготвуваат за нови предизвици - Европско првенство во ракомет, што се оддржува во Данска. Нашите момци стартуваат на 12 јануари, а во нашата група покрај домаќинот Данска се и Чешка и Австрија. „Република“ разговараше со ракометарите за тоа што тие очекуваат од ова првенство. Денеска ви ја пренесуваме изјавата на Филип Миркуловски

mirkulovski

Филип Миркуловски
роден14 септември 1983 година
тежина: 91
висина: 189
клуб: „РК Металург“
позиција: среден бек
одиграни репрезентативни натпревари: 125

Миркуловски започнал да тренира на 13 годишна возраст. Потекнува од школата на „РК Македонија“, клуб во кој се задржал 7 години. Во „РК Металург“ заминал во сезоната 2003/04.

Пред претстојното првенство во Данска, Миркуловски за Република ТВ изјави:

mirkulovskiСе надеваме на добар пласман. Приоритет ни е да ја поминеме групната фаза што би било доста голем успех бидејќи се наоѓаме во доста тешка група. Добро сме спремни, ќе гледаме да се подготивиме и уште подобро за да го повториме пласманот од Србија, ако не и да го подобриме. Повредата на Наумче Мојсовски не потресе сите па така сега имаме и поголем мотив да одиграме за него.

Вели битно е сите да останат здрави, да не ги пратат повреди. Смета дека Данска е најквалитетен противник, земјата домаќин, која ќе го брани златото од последното ЕП. Смета дека шансата за понатамошен пласман е во мечот против Чешка, како и оној против Австрија.

Ќе гледаме да земеме четири бода и да префрлиме два во следната фаза – вели Миркуловски.

Како опасен тим од втората фаза, доколку Македонија се пласира ја гледа репрезентацијата на Шпанија.

Целиот разговор погледнете го на следниот линк на Република ТВ.

filip-lazarov1 Слушнете ги очекувањата и прогнозите на Филип Лазаров

Разговараше: Владо Оцевски

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top