Нашата земја е сè поблизу да го добие домаќинството на Европското во ракомет за жени заедно со Црна Гора и Словенија.
Меѓу другите, сериозен кандидат беше и Русија, но тие ја повлекоа кандидатурата и сега Македонија има големи шанси да ги собере најдобрите ракометарки за пет години. Нашата земја веќе еднаш беше домаќин на Европско првенство во ракомет за жени и тоа како единствен организатор, во декември 2008. година кога шампион стана Норвешка.
Конечната одлука на ЕХХ ќе се знае во јуни кога на големиот конгрес во Глазгов ќе бидат доделени домаќинствата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.