Британскиот весник „Економист“ го прогласи Ургугвај за држава на годината поради реформите од кои „може да има корист целиот свет“, пренесе „Бриф“.
Ургувај ја легализира марихуаната и хомосексуалните бракови, а „Економист“ оценува дека таквта политика „го зголемила глобалнот извоз на среќа без каков бил финансиски трошок“.
Првпат „Економист“ избира држава на годината.
– Сметаме дека достигнувањата што најмногу заслужуваат пофалба се реформите што поплочуваат нови патишта и кои не унапредуваат само една нација туку, ако се следат можат да користат на целиот свет – соопшти редакцијата на „Економист“.
„Економист“ наведува и дека претседателот на Уругвај, Хосе Мухика е скромен, невообичаено искрен за еден политичар.
– Живее во скромна куќа, сам го вози „фолксвагенот“ (буба) на работа, а со авион патува со економска класа. Скромниот, храбариот, либералниот и весел Уругвај е наша држава на годината – посочува „Економист“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.