Состанокот на Советот за општи работи на ЕУ не помина безболно за Грција, откриваат извори од грчкото МНР за „Катимерини“.
– Неколку колеги, со помош на комесарот Штефан Филе, вршеа притисок на Македонија да ѝ се даде датум за почеток на преговори, на што Грција и други земји силно се спротивставија – пишува весникот.
Ова прашање, како и интервенциите за промена на текстот за Македонија во заклучоците, предизвикале прекин на состанокот. Грчката страна барала во текстот да стои дека Скопје треба да направи суштински ( значителни ) чекори за добрососедство, додека останатите не сакале да се ставаат придавки.
– На крајот се дојде до компромисниот збор „опипливи“ – Скопје треба да направи опипливи чекори за добрососедство – информира „Катимерини“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


