| четврток, 6 декември 2018 |

„Катимерини“: Грција наишла на голем отпор на ГАК во врска со Македонија

Состанокот на Советот за општи работи на ЕУ не помина безболно за Грција, откриваат извори од грчкото МНР за „Катимерини“.

– Неколку колеги, со помош на комесарот Штефан Филе, вршеа притисок на Македонија да ѝ се даде датум за почеток на преговори, на што Грција и други земји силно се спротивставија – пишува весникот.

Ова прашање, како и интервенциите за промена на текстот за Македонија во заклучоците, предизвикале прекин на состанокот. Грчката страна барала во текстот да стои дека Скопје треба да направи суштински ( значителни ) чекори за добрососедство, додека останатите не сакале да се ставаат придавки.

– На крајот се дојде до компромисниот збор „опипливи“ – Скопје треба да направи опипливи чекори за добрососедство – информира „Катимерини“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top