Џонсон Контролс за 30 до 60 дена ќе објави кој ќе го купи одделот за електроника објавен на продажба од најголемиот производител на автомобилски делови, пренесе „Емагазин“. Според директорот на „Џонсон контролс“, Алекс Молонароли, преговорите се во тек, а конечната одлука за тоа кој ќе биде новиот сопственик на овој оддел ќе ја објават за најмногу два месеци.
Тоа значи дека и фабрикатата што американскиот автомобилски гигант ја има во Бунарџик, чијашто главна дејност е автомобилска електроника ќе добие нов сопственик. Причината за продажба на овој одел на „Џонсон контролс“ е прогнозата дека побарувачката на електронски делови ќе паѓа, додека истовремено се соочуваат со сериозната конкуренција од Кина.
Според информациите во американските медиуми, како најповолна понуда се спомнува американска корпорација од Детроит, која е, исто така, голем производител на автомобилски делови со обрт од 3 до 4 милјарди долари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
„Џонсон контролс“: И покрај политичката криза се одлучивме за инвестиција во нова фабрика во Македонија
-
Мизо: Странските инвестиции се позитивен сигнал за Македонија
-
„Џонсон контролс“ почнува изградба на фабрика во Струмица
-
Груевски објави: Џонсон Контролс ќе гради втора фабрика, нови 1.500 работни места