| четврток, 6 декември 2018 |

РФМ ќе ја преиспита својата улога во СЕХА

rfm250

Претседателот на Ракометната федерација на Македонија, Живко Мукаетов по вчерашниот дерби дуел од СЕХА лигата меѓу Вардар и Металург реагираше, откако македонскиот репрезентативец Наумче Мојсовски се повреди и најверојатно најмалку шест месеци нема да може да игра по повредата на предните вкрстени лигаменти.

– Се надевам и му пожелувам на нашиот ас Наумче Мојсовски брзо закрепнување. После неодговарањето на нашето писмено барање за одлагање на денешниот натпревар и после повредата на Мојсовски, РФМ сериозно ке ја преиспита својата улога во проектот СЕХА, изјави Живко Муакетов, претседателот на федерацијата.

Повредата на Наумче Мојсовски се случи во 51.минута од натпреварот кога при пад на подот  удри со десното колено, а врз него падна и еден противнички играч. Мојсовски остана да лежи со силни болки, а од теренот беше изнесен на раце од соиграчите и по укажана неколку минутна помош, замина во болница на дополнителни прегледи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top