| четврток, 6 декември 2018 |

Само за мама и за тато (видео)

Нема нешто поубаво кога ќе сфатите дека вашето дете расте во добар човек. Сигурно тоа им било така и на родителите на малата Коде Коч од Америка, кои отишле на нејзината претстава во градинка.

Божикна претстава како и секоја друга, децата пејат со некаква кореографија за Дедо Мраз и ирвасите и за црвениот нос на Рудолф, а мама и тато снимаат со камера.

Но место да покажува како и сите други деца, малата Коде сакала и нејзините глувонеми родители да знаат за што пее, па така таа им покажала со јазикот на глувонемите, на нивно изненадување.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top