| четврток, 6 декември 2018 |

Ракометарите на Вардар организатори на свршувачката на голманот Страхиња Милиќ со својата девојка

strahinja

Страхиња Милиќ, голманот на ракометниот клуб Вардар, ја побара за сопруга својата долгогодишна девојка Јована. За убавиот и романтичен чин му помогнале ракометарите од клубот. Дваесет и тригодишниот голман ѝ рекол на својата три години постара девојка, Јована, дека Стојанче Стоилов прави некоја прослава во ресторан во Скопје.

– Моравме така да направиме затоа што Јована не е кафански тип, повеќе сака домашна атмосфера. Викнавме музичари, се веселевме, пеевме и кога ја засвиреа песната „Жениќу се у том Сомбору“, Добривое Марковиќ и Стојанче Стоилов застанаа до нас со фаќели во раце. Таа и натаму не сфаќаше што се случува. Клекнав покрај неа и ѝ го дадов прстенот – раскажува Страхиња за „Теа модерна“.

strahinja milic

Тој првично сакал да ја побара за време на вториот ракометен дуел помеѓу Варда и Металург, но, како што вели, знаел дека ќе се онесвести. Регистрацијата е закажана за 30 декември, а во март го очекуваат првото дете. Нема да прават голема свадба, туку регистрација и свеченост со најблиските.

Тие се заедно шест години, а врската е среќа во несреќа – Страхиња скршил прст непосредно пред подготовските со репрезентацијата поради што останал дома. Тогаш почнала нивната врска. Сега живеат во Скопје, а ова е нивниот прв заеднички дом.

– Детето треба да се роди во март. На мајка ми ѝ е дијагностициран малиген тумор. Кога слушна дека ќе стане баба, како да се прероди, веста како да ја оздрави, дури и самата рече да се напиеме нешто, да наздравиме, а таа никогаш не пие.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top