| четврток, 6 декември 2018 |

Србија без ѕвездите на Вардар оди на Европско: Очигледно дека ми е жал, едвај собравме 16 играчи

Српската ракометна репрезентација ќе биде дополнително ослабена на Европското првенство во Хрватска откако селекторот Јовица Цветковиќ потврди дека нема да смета на двајцата играчи на РК Вардар, Илија Абутовиќ и Страхиња Милиќ. Покрај отсуството на Рниќ, Стојковиќ и Велјански, дополнителни проблеми прават отсуствата на двајцата ракометари на Вардар.

– Страхиња Милиќ се откажа поради повреда, додека Илија Абутовиќ нема да настапува поради приватни причини, засега не знам за што станува збор. Се надевав дека ќе избегнеме волку проблеми со повреди и откажувања, но ни се случи сосема спротивното. Покрај овие двајца, претходно наидовме на проблеми и со Рниќ кој ја скрши ногата, Растко Стојковиќ мора да оди на операција на коленото, додека Бојан Велјански има пукнат мускул. Очигледно дека ми е жал, многу тешко собравме 16 играчи, но се подготвуваме како да сме комплетни, изјави селекторот Цветковиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top