
Страхиња Милиќ, голманот на ракометниот клуб Вардар, ја побара за сопруга својата долгогодишна девојка Јована. За убавиот и романтичен чин му помогнале ракометарите од клубот. Дваесет и тригодишниот голман ѝ рекол на својата три години постара девојка, Јована, дека Стојанче Стоилов прави некоја прослава во ресторан во Скопје.
– Моравме така да направиме затоа што Јована не е кафански тип, повеќе сака домашна атмосфера. Викнавме музичари, се веселевме, пеевме и кога ја засвиреа песната „Жениќу се у том Сомбору“, Добривое Марковиќ и Стојанче Стоилов застанаа до нас со фаќели во раце. Таа и натаму не сфаќаше што се случува. Клекнав покрај неа и ѝ го дадов прстенот – раскажува Страхиња за „Теа модерна“.

Тој првично сакал да ја побара за време на вториот ракометен дуел помеѓу Варда и Металург, но, како што вели, знаел дека ќе се онесвести. Регистрацијата е закажана за 30 декември, а во март го очекуваат првото дете. Нема да прават голема свадба, туку регистрација и свеченост со најблиските.
Тие се заедно шест години, а врската е среќа во несреќа – Страхиња скршил прст непосредно пред подготовските со репрезентацијата поради што останал дома. Тогаш почнала нивната врска. Сега живеат во Скопје, а ова е нивниот прв заеднички дом.
– Детето треба да се роди во март. На мајка ми ѝ е дијагностициран малиген тумор. Кога слушна дека ќе стане баба, како да се прероди, веста како да ја оздрави, дури и самата рече да се напиеме нешто, да наздравиме, а таа никогаш не пие.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Србија без ѕвездите на Вардар оди на Европско: Очигледно дека ми е жал, едвај собравме 16 играчи
-
Летово ја раскина свршувачката: Го препознавате ли овој македонски пејач?
-
Свадбена пролет меѓу познатите: Кој, со кого, каде, кога…
-
Елена до Керол: Знаев дека сте еден за друг, се гледаше по сјајот во очите (ФОТО)


