Честитките за веридбата на Каролина Гочева и Михаил Корубин пристигнуваат од сите страни. Конечно, дека Каролина ќе се мажи, не е само чаршиски муабет.
Пејачката се пофали на „Инстаграм“, каде нејзината колешка и пријателка Елена Ристеска и призна: Знаев дека сте еден за друг.
– Уште на ланскиот роденден на Михо знаев дека сте створени еден за друг, се гледаше по сјајот во очите.. А богами се гледа и на сликава што сум ви ја сликала тогаш.. 🙂 Многу сум среќна другарке моја за вас, заслужи ваква среќа и ваков човек до себе, после толку премрежја. Среќата кога тогаш доаѓа и вреди да се чека онаа вистинската љубов.. Честитки, ве сакам – и порача Ристеска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.