| четврток, 6 декември 2018 |

Кејт Винслет има трето дете

kate-winslet-labor-day-red-dress-pregnant

Британската актерка Кејт Винслет се породи во саботата. Таа и нејзиниот сопруг Нед Рокенрол го добија првиот заеднички син. Ова е трето дете и трет брак за актерката која со првиот сопруг Џим Триплетон ја има 12- годишната ќерка Миа, додека од бракот со режисерот Сем Мендес го има 9-годишниот син Џо.

Новото бебе во фамилијата на оскаровска засега нема име, но сигурно е дека ќе го носи презимето на мајка си. Третиот сопруг на Кејт е внук на познатиот милијардер Ричард Брансон. Тој е роден како Абел Смит, а сегашното име и презиме самиот си ги додели.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top