| четврток, 6 декември 2018 |

Божиќно чудо: мајка и бебе умреле на породување, па оживеале

majka i bebe

Мајк Хермансторфер го смета како божиќно чудо моментот кога неговата сопруга и новороденото бебе во 2009 година се вратиле меѓу живите. Срцето на неговата сопруга Трејси поради срцев удар престанало да чука само неколку мигови откако на Бадник 2009 година ја довеле во породилиштето во Колорадо Спрингс. Лекарите со царски рез се обидувале да го спасат бебето, но наскоро Мајк дознал дека и неговиот син ја загубил битката за живот.

Во голема болка, расплакан, го зел во раце својот син и тогаш почувствувал дека бебет се движи. Во исто време неговата 33 годишна сопруга повторно почнала да дише.

– Го изгубив тлото под нозете. Се што имав изгубив,  а тогаш одеднаш ми се врати. Тоа беше Божја рака, раскажува Мајк.

Лекарите немаат логично објаснување за тоа што се случило и како се опоравиле. Срцето на Трејси не чукало четири минути, а за тој период не памти ништо.

– Беше мртва. Срцето не и чукаше, и не дишеше. Беше сива и не даваше знаци на живот, објаснува лекарката Стефани Мартин.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top