Жули Депардије, ќерка на популарниот француски актер Жерард Депардје, им призна на медиумите дека имала дури пет операции на носот само за да не личи на својот татко.
Таа наведе дека отсекогаш сакала сама да ја гради својата кариера, но поради карактеристичниот нос, често ја поврзувале со татко и.
– Не сакав да имам таков нос, бидејќи сите го поврзуваа со мојот татко, посочи Жули.
Таа додаде дека нејзиниот татко можеби нема да ги преживее следните пет години, поради неговиот начин на живот и постојаните сообраќајни несреќи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


