Шефот на грчката дипломатија Евангелос Венизелос, за време на синоќешната работна вечера со неговите колеги од НАТО посветена на политиката на проширување оценил дека прашањето за името не е билатерално прашање меѓу ФИРОМ и Грција, туку отворен, меѓународен проблем, пишува „Радио Слободна Европа“. Ова попладнево го соопшти грчкото МНР, кое претпладне објави дека грчките позиции за предусловите за членство на Македонија, се апсолутно јасни и повеќе се поврзани со општите критериуми на НАТО, а не со грчко македонските билатерални односи. Венизелос додал дека вистинскиот проблем на Македонија бил внатрешен и институционален, поврзан со демократија и владеење на правото и на етничка кохезија, почит и целосна имплементација на Охридскиот договор за коегзистенција на словенската и албанската заедница. „Уште подлабок проблем е постоењето на официјална државна идеологија и идеолошка употреба на историјата во потрага по вештачки национален идентитет преку антиквизација. Грција ја покажа својата подготвеност за компромис сложено име со географска одредница за секоја употреба“, рекол Венизелос.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.