| четврток, 6 декември 2018 |

Ракометарите на Вардар и на Металург на антидопинг-тест

vardar-metalurg-15

Во текот на изминатите два дена, Националната антидопинг-комисијата изврши ненајавена контрола врз играчи во сениорските состави на нашите најелитни ракометни клубови Металург и Вардар (мажи и жени) преку земање примерок од урина, меѓу кои на допинг-тестирање беа подложени и поединци кои настапуваат во рамки на националниот машки и женски сениорски ракометен тим. Примероците веќе се испратени на анализа во референтната лабораторија на ВАДА во Австрија. Резултатите од анализите ќе ѝ бидат соопштени на јавноста штом лабораторијата ќе ги достави до Агенцијата за млади и спорт и до Комисијата.

– Ги охрабрувам сите повикани страни: националните спортски федерации, МОК, спортските клубови, самите спортисти, тренери, медицински лица и останати повикани институции да се вклучат во борбата за достигнување на една од најголемите спортски вредности – а тоа е – постоењето „чист спорт“ – изјави директорот на АМС, Александар Пујовски

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top