Една Британка откако дознала дека сопругот ја изневерува одлучила јавно да му се одмазди. Таа му ставила порака во локалниот бар, во која напишала дека се разведува од него и оти ќе го задржи кучето.
Налутената жена го замолила вработениот во барот Ноахс Јард да постави напис на кој што пишувало: „Пол, се разведувам од тебе. Ќе го задржам кучето!“
– Бев многу лута и вознемирана, така што сакав овој напис да го видат сите. Кога дознав дека има афера, отидов во тој бар на пијалок и тогаш се досетив на овој начин да му се одмаздам. Во брак сме четири години и многу е тажно што дојдовме до оваа точка, изјави Британката од дистриктот Свонси Аплендс, која сакаше да остане анонимна.
Откако написот бил поставен, таа му испратила порака да оди и да го види. Според изјавите на соседите, кои ја поддржале оваа идеја за одмазда, Пол бил многу бесен
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


