| четврток, 6 декември 2018 |

Британка јавно му се одмазди на сопругот поради неверство

Една Британка откако дознала дека сопругот ја изневерува одлучила јавно да му се одмазди.  Таа му ставила порака во локалниот бар, во која напишала дека се разведува од него и оти ќе го задржи кучето.

Налутената жена го замолила вработениот во барот Ноахс Јард да постави напис на кој што пишувало: „Пол, се разведувам од тебе. Ќе го задржам кучето!“

– Бев многу лута и вознемирана, така што сакав овој напис да го видат сите. Кога дознав дека има афера, отидов во тој бар на пијалок и тогаш се досетив на овој начин да му се одмаздам. Во брак сме четири години и многу е тажно што дојдовме до оваа точка, изјави Британката од дистриктот Свонси Аплендс, која сакаше да остане анонимна.

Откако написот бил поставен, таа му испратила порака да оди и да го види. Според изјавите на соседите, кои ја поддржале оваа идеја за одмазда, Пол бил многу бесен

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top