| четврток, 6 декември 2018 |

Невеста место завети, на глас ги прочита пораките од зетот за љубовницата

Ноќта пред најважниот ден во нејзиниот живот, Кејси од Мелбурн добила необична порака, која ќе и го преврти целиот живот напаку.

„Ова требаше да биде најсреќниот ден во мојот живот и најблиските требаше да бидат сведоци на овој настан. Алекс и јас бевме заедно шест години и верував дека ќе бидеме среќни до крајот на животот“, ја започнува својата исповед Кејси.

„На последната ноќ пред венчавката мојот телефон заѕвоне. Но, овие пораки што ги добив не беа како сите оние претходни каде што ми упатуваа честитки и желби за среќен живот исполнет со љубов. Овие пораки променија сѐ“, продолжува Кејси.

„Пораките беа серија од скриншотови од број кој не ми беше познат. Пораката која следуваше после низата скриншотови гласеше: „Јас не би се омажила со него. А ти?““

Дел од пораките гласеле: „Овој викенд. Јас и ти. Одвај чекам“, „Твоето тело е неверојатно и знаеш како да го употребиш. Би сакал девојка ми да имаше барем половина од твоите вештини“, „Ми недостигаш премногу, не можам да престанам да мислам на тебе. Никогаш не сум се почувствувал вака претходно“.

Скриншотовите биле од разговор помеѓу идниот сопруг на Кејси и некоја жена. Покрај многубројните пораки, вклучени биле и неколку селфи фотографии од нив. Пораките се разменувани подолг период и сѐ до неколку денови пред свадбата.

„Мојот мозок не можеше да сфати што се случува. Ова беше најголемиот шок во мојот живот“. Секој збор, како да ме повредуваше директно во срцето, а свадбата требаше да започне за само неколку часови. Како можев да ја откажам веселбата кога веќе толку многу луѓе патуваа и потрошија пари за да присуствуваат? Го сакав Алекс и навистина сакав да се омажам за него“, раскажува Кејси.

Утредента Кејси зачекорила пред олтарот во нејзиниот фустан од соништата и рекла пред сите: „Нема да има свадба денес. Изгледа Алекс не е оној кој мислев дека е.“

Кај присутните не можело да не се забележи шокот на нивните лица, а Алекс се обидел да ја смири фаќајки ја за раце, но таа го спуштила цвеќето за да го земе својот телефон и почнала да ги чита сите пораки кои ги добила од непознатата девојка. Лицето на Алекс почнало да менува бои.

Потоа, таа им се обратила на гостите велејќи: „ Ве сакам сите и колку и да е ужасно ова, мило ми е што сте тука. Денес нема да има свадба, наместо тоа, ќе ја славам искреноста, потрагата по вистинска љубов и следењето на своето срце дури и тогаш кога најмногу боли.“

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top