| четврток, 6 декември 2018 |

Кој е Марјан Мирчески, сопругот на Елена Велевска?

По десет години брак, Елена Велевска денеска потврди дека се разведува од бизнисменот Марјан Мирчески со кого има три деца, ќерките Софија и Калија и синот Марко. Познатата пејачка го запознала сопругот на една од нејзините турнеји во Австралија во 2002 година. Во една прилика откри дека ѝ се случила љубов на прв поглед.

– Ме освои со едноставноста. Најубавите работи и брзо се случуваат, тој беше таму, јас овде, помина малку време кога Марјан одлучи да се врати во Македонија и да започнеме заеднички живот во неговиот роден град Охрид. За жал, немавме време за свадбена веселба каква што си посакував – раскажа Велевска во едно интервју.

Марјан, покрај трите деца со Велевска има возрасна ќерка и син, кои живеат во Австралија со неговата прва сопруга. Прочитајте повеќе на „Женски магазин“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top