Пелистер со победата над Гостивар, со резултат од 1-0, во рамките од 17. коло, се избори за врвот на прволигашката табела. Постоеше реална опасност поради временските услови натпреварот да биде одложен, но официјалните лица, сепак, донесоа одлука овој натпревар да се игра во предвидениот термин.
Лошиот терен за игра им создаваше огромни проблеми на фудбалерите на двата тима, но битолчани се снајдоа подобро.
Ренова и Работнички одиграа квалитетен натпревар што заврши без победник, 1-1. Домаќините први поведоа, но, сепак, Работнички во завршницата од натпреварот успеа да израмни и да си замине со бод.
Денеска од 17 часот се игра натпреварот меѓу Вардар и Металург.
Резултати:
Напредок – Шкендија 0-0
Пелистер – Гостивар 1-0
Ренова – Работнички 1-1
Еуромилк – Турново 0-2
Македонија ЃП – Брегалница 3-0
Вардар – Металург 17ч.
Табела:
Пелистер 30
Работнички 28
Турново 28
Вардар 27 (-1 меч)
Металург 26 (-1 меч)
Ренова 24
Еуромилк 21
Шкендија 21
Брегалница 21
Македонија ЃП 16
Напредок 13
Гостивар 11
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


