Мирослав Шиповиќ во истражниот затвор „Скопје“ пред истражен судија и јавен обвинител ја образложи неговата улога во претријатието „Машинопромет“. Во целост ги негирал наводите во обвинителниот акт. Според неговиот бранител, судот дополнително треба да се прознесе и околу барањето за укинување на мерката притвор, пренесе Телма.
Инаку Мирослав Шиповиќ беше приведен на 15 октомври на виенскиот аеродром на враќање од Соединетите американски држави во земјата. Обвинет е за малверзации при продажба на имотот на „Машинопромет“, а заедно со него беа приведени уште десетина други лица, меѓу кои и неговиот брат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


