Поранешниот француски претседател Никола Саркози и сегашен лидер на опозициската партија Рeпубликанци од изутринава се наоѓа во канцеларијата на истражниот судија, кој води истрага за финансирањето на изборната кампања на претседателските избори во 2012 година, јави дописникот на МИА од Париз.
Истражниот судија сака да дознае кој ги даваше наредбите за време на изборната кампања на Никола Саркози, кога беше надмината дозволената сума за нејзино финансирање, што ја доведе на времето владејачката УМП (сега Републиканци) да се служи со лажни фактури, преку организаторот на митинзите „Бигмалион“. Имено, со лажни фактури беше прикриено дека е надминат прагот од 22,5 милиони евра.
Судиите посебно се интерсираат за сметките на УМП, која ангажирала 13,5 милиони евра во кампањата а пријавила само три милиони.
Одбраната на Никола Саркози е дека тој на времето, покрај водењето на предизборната кампања, беше и претседател и немаше време да се занимава со финансиските прашања на кампањата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.