| четврток, 6 декември 2018 |

Бензема преспа во полиција, го очекува затворска казна од пет години?!

benzema

Францускиот репрезентативец Карим Бензема вчера наутро беше приведен во полициска станица поради сомнение дека тој е еден од осомничените за уцена на неговиот репрезентативен колега, Матие Валбуена со секс-снимка.
Тој минал повеќе од 24 часа во полициската станица каде бил задржан, а на неколку пати бил и испрашуван од инспекторите. Откако на неколку наврати добиле контрадикторни изјави од фудбалерот, одлучиле да го задржат и утринава да го испратат на истражен судија.

– Адвокатот на Бензема тврди дека неговиот клиент нема што да крие и соработува во случајот, но реалноста е дека неговите изјави се контрадикторни и тој за неколку часа се негираше самиот себе. Инспекторите не знаат како да реагираат, па го задржаа да ја мине ноќта во затвор, за денеска да се обидат да ја добијат вистината – јавуваат француските медиуми.

Судбината на Бензема сега е во рацете на истражниот судија, кој треба да одлучи дали тој е виновен за уценување на својот репрезентативен колега или не. Доколку биде прогласен за виновен би можел да добие затворска казна од дури пет години. Претходно приведен беше и поранешниот репрезентативец на Франција Џибрил Систе, но откако беше испрашан од полицијата веднаш беше ослободен без никакво обвинение.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top