Популарната германска манекенка Хајди Клум го очекува нејзиното петто дете, ова го објавија германските медиуми минатата недела.
Како што пишува магазинот „Билд“, Клум е бремена од нејзиниот поранешен телохранител Мартин Кристен со кого е во врска од 2012 година.
Тоа ќе биде петто дете на манекенката која ја има ќерката Хелен од врската со Флавио Бриаторе, синовите Хенри и Џон и ќерката Лу од бракот со пејачот Сил.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.