| четврток, 6 декември 2018 |

Валтер Колбо: Поради меѓународната нерешителност Македонија не е во ЕУ и во НАТО

Старо-новиот претседател на Германско-македонското друштво во Берлин, Валтер Колбо, за „Дојче веле“ вели дека не е вина на Македонија тоа што не е членка на ЕУ и на НАТО

valter kolbowПоранешниот германски државен секретар во Министерството за одбрана, Валтер Колбо, вели дека Македонија ги исполнила условите за членство, а меѓународната нерешителност сè уште ја остава надвор од НАТО и од ЕУ.

– Вината е во нерешителноста на меѓународната заедница и прашање е до кога ќе биде така?! Кризата во парламентот од 24 декември не смее да биде алиби! Тоа што се случи не беше лицето на вистинската Македонија. Тоа беше грешка на сите учесници во инцидентот и не смее да се дозволи поради тоа земјата да остане изолирана од европските процеси – коментира Колбо во интервју за „Дојче веле“.

Тој додава дека во изминативе 15 години многу работи се промениле и Македонија покажува дека е кадарна за членство во ЕУ и НАТО, а Германско-македонското друштво со своето лобирање може да помогне да се совладаат пречките кои се на европскиот пат на Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top