| четврток, 6 декември 2018 |

Бронза за македонскиот тим во бадминтон на балканскиот шампионат во Турција

LOCOG Test Events for London 2012 - BWF World Badminton Championships: Day Two

Македонскиот национален тим за бадминтон го освои третото место на Балканскиот шампионат во бадминтон за категорија јуниори У – 19, кој се одржа во Маниса, Република Турција од 14 до 18 ноември.

По тридневни борби во екипна конкуренција, успеаја да се закитат со бронзен медал, веднаш зад екипата на Турција, која го освои шампионатот, и зад Бугарија.

Со овој успех, стои во соопштението од Агенцијата за млади и спорт, само го потврдија минатогодишниот пласман во конкуренција на двојки кога, исто така, се пласираа на третото место.

Македонскиот национален тим, за кој настапуваат искусните Васил Пујовски, Марко Накиќ и Деа Здравковска, на овој шампионат беа потпомогнати од помладите Дариа и Ина Стефановска, Петар Живковски и Ведран Здравковски, кои потполно ја оправдаа укажаната доверба на селекторот Игор Миноски и на тренерот Ратко Штерјовски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top