Македонскиот национален тим за бадминтон го освои третото место на Балканскиот шампионат во бадминтон за категорија јуниори У – 19, кој се одржа во Маниса, Република Турција од 14 до 18 ноември.
По тридневни борби во екипна конкуренција, успеаја да се закитат со бронзен медал, веднаш зад екипата на Турција, која го освои шампионатот, и зад Бугарија.
Со овој успех, стои во соопштението од Агенцијата за млади и спорт, само го потврдија минатогодишниот пласман во конкуренција на двојки кога, исто така, се пласираа на третото место.
Македонскиот национален тим, за кој настапуваат искусните Васил Пујовски, Марко Накиќ и Деа Здравковска, на овој шампионат беа потпомогнати од помладите Дариа и Ина Стефановска, Петар Живковски и Ведран Здравковски, кои потполно ја оправдаа укажаната доверба на селекторот Игор Миноски и на тренерот Ратко Штерјовски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.