| четврток, 6 декември 2018 |

Сан Франциско се претвори во Готам по желба на болно детенце (видео)

Желбата на петгодишниот Мајлс Скот, кој умира од леукемија, да стане Бетмен на еден ден, хуманитарната агенција „Мејк а Виш“ од Сан Франциско решија да му ја исполнат желбата.

Во масовната претстава се вклучија и локалните телевизии кои го следеа малиот Бетмен во неговите подвизи, па и претседателот Барак Обама, кој на крајот на денот му честиташе што го спасил градот од криминалците.

Претставата содржела испраќање на познатиот Бет-сигнал за помош, возење со автомобил преправен да изгледа како возилото на Бетмен и целодневни авантури низ Сан Франциско.

betmen 1

Мајлс првин го победил негативецот Ридлер, кој се обидувал да ограби банка. Потоа, преплашени граѓани дошле да го повикаат малиот супер-херој да победи уште еден негативец од Бетмен серијалот, Пингвинот, кој ја грабнал маскотата на бејзбол тимот Џиновите од Сан Франциско. На крајот, Мајлс, облечен како Бетмен, истрчал почесен круг на стадионот на Џиновите.

Дури и обвинителката Мелинда Хаг се вклучила во претставата, официјално соопштувајќи го апсењето на Ридлер и Пингвинот.

Во текот на денот, насекаде низ градот биле истакнати натписи за поддршка на Мајлс, а стотици граѓани се шетале маскирани како ликови од филмовите, претворајќи го Сан Франциско во измислената метропола Готам Сити.

Мајлс Скот боледува од леукемија, откако имал само 20 месеци. Лекарите велат дека по долгата терапија, болеста е во повлекување.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top