| четврток, 6 декември 2018 |

Мно­гу вре­ва за ни­што

nenad mircevski2

Ни­што но­во. Ва­ка, со два збо­ра, мо­же да се опи­шат ре­зул­та­ти­те од пос­лед­ни­те ан­ке­ти кои го ме­реа реј­тин­гот на пар­ти­и­те и рас­по­ло­же­ни­е­то на гла­са­чи­те. Ста­бил­на­та пред­ност  што ја има ВМРО-ДПМНЕ пред опо­зи­ци­ја­та им да­ва за пра­во да про­дол­жат со на­чи­нот на кој ја во­дат зем­ја­та. Кај опо­зи­ци­ја­та, пак, ре­зул­та­тот изг­ле­да раз­о­ча­ру­вач­ки за­тоа што СДСМ со пол­на па­реа се оби­ду­ва да фа­ти че­кор со раз­ра­бо­те­на­та ма­ши­не­ри­ја на вла­ста, и тоа на оние по­ли­ња на кои гу­би најм­но­гу гла­со­ви – во од­нос на пра­ша­ње­то за име­то и во еко­ном­ски­те ре­фор­ми.

Ток­му за­тоа не е из­не­на­ду­ва­ње про­ме­на­та на ста­вот на СДСМ за тоа што најм­но­гу ги бо­ли гла­са­чи­те – проб­ле­мот за име­то со Гр­ци­ја. На Би­ха­ќка ја сфа­ти­ја по­ра­ка­та од на­ро­дот, а се­га се оби­ду­ва­ат да од­го­во­рат по­зи­тив­но на нив­на­та вол­ја. Ду­ри ре­те­ри­раа и од ве­ту­ва­ње­то на Ше­ке­рин­ска де­ка НА­ТО и ЕУ ќе ги отво­рат вра­ти­те за Ма­ке­до­ни­ја за шест ме­се­ци отка­ко ќе дој­де СДСМ на власт. Оваа про­ме­на кол­ку е до­бра тол­ку е и опас­на за­тоа што се на­мет­ну­ва пра­ша­ње­то што ќе се слу­че­ше ако на­ро­дот по­ве­ру­ва­ше во та­кво­то пре­диз­бор­но ве­ту­ва­ње и им ја до­ве­ре­ше вла­ста со оче­ку­ва­ње де­ка ќе ни сле­ду­ва бр­зо зач­ле­ну­ва­ње во евро­ат­лант­ски­те ор­га­ни­за­ции.

Пос­лед­ни­те ан­ке­ти по­ка­жу­ва­ат де­ка гра­ѓа­ни­те не ги пре­поз­наа ка­ко искре­ни пр­ви­те па­три­от­ски по­те­зи на За­ев. Не са­мо што се ре­зер­ви­ра­ни по­ра­ди пра­кти­ка­та за бр­зо ме­ну­ва­ње на ста­во­ви­те, ту­ку и по­ра­ди прет­стој­ни­те из­бо­ри, кои се до­вол­на при­чи­на да про­ра­бо­ти сом­не­жот кај гла­са­чи­те за на­ме­ри­те на опо­зи­ци­о­не­ри­те.

По­ра­ди тоа, ра­ко­водс­тво­то на СДСМ ќе тре­ба да вло­жи уште мно­гу труд за да ја при­до­бие до­вер­ба­та на на­ро­дот во од­нос на нив­на­та стра­те­ги­ја за ре­ша­ва­ње на спо­рот за име­то. А, ако ја до­бие, ќе има огром­на од­го­вор­ност да го спро­ве­де ве­ту­ва­ње­то.

Во исто вре­ме опо­зи­ци­ја­та се оби­ду­ва да ѝ па­ри­ра на вла­ста око­лу еко­ном­ски­те ре­фор­ми пре­зен­ти­рај­ќи со­ци­јал­на про­гра­ма со ко­ја им се дод­во­ру­ва на најм­но­гу­број­ни­те ка­те­го­рии гла­са­чи – сред­на­та кла­са и со­ци­јал­на­та. Се­то тоа е по­зи­тив­но и ле­ги­тим­но, но ако со­ци­јал­де­мо­кра­ти­те оче­ку­ва­ат не­ка­ква ре­ак­ци­ја од гла­сач­ко­то те­ло и зго­ле­му­ва­ње на реј­тин­гот, ќе мо­ра пред­ло­зи­те да им би­дат де­тал­но ос­мис­ле­ни, по­ткре­пе­ни и лес­но­раз­бир­ли­ви за гра­ѓа­ни­те. Во спро­тив­но, ВМРО-ДПМНЕ и на­та­му со лес­но­ти­ја ќе ги отфр­ла ка­ко не­из­др­жа­ни или ка­ко ве­ќе спро­ве­де­ни.

А, де­ка во СДСМ сѐ уште вла­дее не­до­вер­ба во сопс­тве­ни­те збо­ро­ви го­во­ри и ре­ак­ци­ја­та на дел од сим­па­ти­зе­ри­те и чле­но­ви­те на пар­ти­ја­та кои пра­ша­ње­то на по­ра­неш­ни­от пот­пре­тсе­да­те­л Зо­ран Јо­ва­нов­ски, зо­што Ше­ке­рин­ска не при­фа­ќа да се кан­ди­ди­ра за пре­тсе­да­тел на др­жа­ва­та, об­ја­ве­но на не­го­ви­от про­фил на „Фејс­бук“ го до­жи­ве­а­ја ка­ко ше­га на сме­тка на пот­пре­тсе­да­тел­ка­та и на реј­тин­гот на пар­ти­ја­та.

 

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top