| четврток, 6 декември 2018 |

Македонија примена во Советот за човекови права на ОН

oon

Со гласање во Генералното собрание на ОН Македонија пред малку беше примена за членка на Советот за човекови права на ОН. Македонската кандидатура доби поддршка од 177 држави членки на ОН и го пополни едното од двете испразнети места резервирани за државите од Источноевропската група, членки на ОН.

Со ова Македонија во следните три години ќе има можност да учествува во работата на водечкото светско тело за заштита и унапредување на човековите права. Советот за човекови права има 47 членки кои во соработка со високиот комесар за човекови права разгледуваат извештаи за состојбите во државите членки можат да отворат дискусија за одредени прашања и да побараат испраќање на специјален известувач во одредена земја.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top