| четврток, 6 декември 2018 |

Специјал на „Балкан-хендбол“ – кој владее во Скопје, Вардар или Металург?

Специјализираната интернет-страница за ракомет „Балкан-хендбол“ (balkan-handball.com) направи интересна сторија пред големото македонско дерби во четврток меѓу Металург и Вардар во рамките од Лига на шампиони.

„Кој владее во Скопје, Вардар или Металург?“ е специјалот со солидна анализа на двете екипи пред блокот меѓусебни натпревари на 14 и на 24 ноември.

Новинарите на страницата како адути на Вардар ги истакнуваат поголемиот избор на ракометари, потоа искуството, трилингот интернационалци Дибиров, Карачиќ и Душебаев, цврстата одбрана и разновидност на голманите претставени преку триото одлични чувари на мрежата Милиќ, Малумбрес и Ангелов.

Петте најдобри карактеристики на Металург според страницата се контролата на топката, како веќе препознатлив стил на игра на ланскиот четвртфиналист во ЛШ, потоа одличната одбрана и голманот Дарко Станиќ, алката што долго му недостигаше  на тимот од Автокоманда, а тоа е Ренато Вугринец, крилните играчи Дејан Манасков и Гоце Георгиевски и за крај на низата е големиот мотиватор Лино Червар.

На сајтот може да се гласа за најдобриот ракометар во двете екипи, и за кого ќе навивате во двата натпревари меѓу македонските ракометни брендови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top