Продадени се сите влезници за дуелот со РК Вардар во рамките од Лигата на шампионите кој ќе се одигра на 14-ти овој месец во „Борис Трајковски“ со почеток во 20:00 часот.
-Продажбата на влезници за натпреварот Металург – Вардар е завршена. За неполни 24 минути се распродадени 2200 влезници. Забележена е огромна заинтересираност за продажба на онлајн влезниците, се вели во информацијата објавена на фејсбук страницата на Металург.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.