| четврток, 6 декември 2018 |

Пелистер со значајна победа против Турново

Фудбалерите на Пелистер по серијата слаби резултати забележаа значајна победа на гостувањето против Турново. Иако настапија без петмина стандардни првотимци, битолчани со максимално дисциплинирана игра се радуваа на триумф од 0-2 на стадионот „Кукуш“.

„Црвено-црните“ и Ренова одиграа без голови, со што Вардар остана на првото место на табелата и по одигрувањето на ова коло.

Металург стигна до значајни три бода со победата над Шкендија, а херој на натпреварот беше Оливер Пеев, кој во второто полувреме два пати се запиша во листата на стрелци.

Еуромилк во пресметката на новите прволигаши славеше над Македонија ЃП со минимални 1-0, додека Брегалница ремизираше со Напредок (2-2).

Резултати: Еуромилк – Македонија ЃП 1-0, Ренова – Вардар 0-0, Брегалница – Напредок 2-2, Турново – Пелистер 0-2, Металург – Шкендија 2-0.

Табела: Вардар 25, Работнички 24, Металург 23, Ренова 22, Турново 21…

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top