| четврток, 6 декември 2018 |

Екс шефот на УБК нов секретар на СДСМ

 

На седницата на Централниот одбор на СДСМ закажана за вечерва пoранешниот шеф на Управата за Безбедност и Контраразузнавање Миле Зечевиќ треба да биде избран за нов организационен секретар на најголемата опозициона партија СДСМ.

 

Доколку се остварат најавите од Бихаќка, Зечевиќ ќе се врати на позициајта на која се наоѓаше до 2008 година кога беше сменет по кавгата со тогашниот близок соработник на Црвенковски, Горан Минчев и сегашниот заменик претседател Радмила Шекеринска.

За разлика од голем број на други високи претставници на СДСМ кои постојано беа присутни во медиумите со свои ставови за состоујбите во СДСМ и генерално македонската политика Зечевиќ е еден од малкумината  кои  што во последните неколку години беше целосно одсутен од јавноста.

Во раководството на СДСМ формално се враќа и кандидатот за претседател на партијата Кие Наумов кој пред една недела во седиштето на партијата водеше прес конференција на економски теми а на конгресот на кој победи актуелниот претседател Заев освои 15 гласови.

Централниот одбор на СДСМ треба да биде проширен за 30  нови членови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top