| четврток, 6 декември 2018 |

Шекеринска: Амандманите никој нема да ги пишува зад затворени врати

Амандманите никој нема да ги пишува зад затворени врати, изјави денеска на прес-конференција министерката за одбрана и вицепремиерка, Радмила Шекеринска.

Taa рече дека заедно ќе ги пишуваат амандманите.

„Поделено општество не носи добро никому“, рече Шекеринска.

Шекеринска додаде дека за година и пол, се фокусирале на решавање на големите проблеми. За Договорот од Грција рече дека има цврсти гаранции на македонскиот идентитет.

„Се трудиме да ги решаваме проблемите на конструктивен начин, кој ќе биде стратешки“, додаде министерката.

Според неа, Македонија станува пример дека проблемите може да се решаваат и земјата да оди напред.

За пратениците кои непосредно пред седницата излегоа од притвор, а потоа гласаа „За“ рече дека двете работи не се поврзани и дека конкретни одговори за тоа може да се бараат во судовите.

Рече дека во иднина ваков Договор нема да добиеме.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top