Зоран Заев и Радмила Шекеринска не можат да бидат решение за проблемите во Република Македонија – тие се проблемот на оваа држава. Последни остатоци од мрачната транзиција, соопштуваат од партијата.
-Ништо од тоа што го ветија не исполнија. Нема ниту една област во која се живее подобро. Единствената политичка инвестиција во која веруваат дека ќе ги спасат нивните политички кариери е промената на името на државата. Наместо животот кој го ветуваа донесоа само чемер и јад. Нема ништо од 500-те евра плата, од повратот на ДДВ, зголемени инвестиции, нови патиша во должина од 500 километри, од зголемената поддршка за земјоделците, од плата за докторите од 100.000 денари, од субвенции за компаниите. Затоа имаме криминал на секој чекор. Заев ветуваше и се колнеше во децата и семејството дека нема да менува Уставот. Не само што го смени туку го менува и идентитетот. Цензурата во медиумите и полициското насилство ни станааа секојдневие. Политичкото судство излезе на виделина со зделки и неморални понуди на пратениците се со цел да правење пазар со името, се наведува во партиското соопштение.
Од ВМРО-ДПМНЕ нагласуваат дека 7 пратеници на партијата силно потпомогнати од структури кои се ставија на располагање на власта, следејќи го својот личен интерес, одејќи против ставот на партијата, против членството и најважно против волјата на народот ја свиткаа кичмата и гласаа за промена на името.
-На Република Македонија и се случи Црн Петок. Сите бевме сведоци на предаството кое овие пратеници и го направија на својата татковина. Да издржеа и да беа доследни во она што со месеци и го говореа на јавноста еднаш засекогаш ќе ја ослободевме државата од коалицијата на Заев и Шекеринска, и Вице и Анѓушев. ВМРО-ДПМНЕ било и секогаш ќе биде најверниот сојузник на народот. ВМРО-ДПМНЕ без народот не може ! Време е за подршка и обединување на сите оние кои си ја сакаат својата татковина. Време е да се окрупниме, силите да се збијат, заеднички, силно за на тој начин да се издвојува победата врз сите оние кои не и мислат добро на Македонија. Република Македонија ќе се европеизира. Република Македонија ќе го добие заслуженото место рамо до рамо со модерните европски држави со зачувано достоинство. Македонија мора напред, со принципи, мудрост и храброст, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.