| четврток, 6 декември 2018 |

ВМРО ДПМНЕ, СДСМ и народот – Има разлика!

-Ми велат никогаш не треба лидерот и претседателот следбениците да го видат на колена. Но, јас имам еден одговор на тоа – ако лидерот не клекне пред луѓето кои ја следат каузата за Република Македонија и за независна Македонија, тогаш не ја заслужува нивната доверба – порача денеска од Штип, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијаn Мицкоски во Штип.

Илјадници штипјани, но и граѓани од источниот крај на Република Македонија излегоа денеска да го поддржат ВМРО-ДПМНЕ, неговиот лидер Христијан Мицкоски и идејата за слободна и суверена Република Македонија.

За разлика од големиот поклон пред народот од страна на првиот човек на ВМРО ДПМНЕ, многумина се уште ги помнат сликите кога граѓаните му се поклонуваа  и му бакнуваа рака на  Бранко Црвенковски во време додека беше на чело на СДСМ.

Има разлика и тоа голема, кога му служиш на народот и кога тој ти служи на тебе.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top