| четврток, 6 декември 2018 |

Дорис Драговиќ: Црквата ми значи сѐ

dorisdragovic-fejs

– Во еден момент почувствував дека повеќе немам што да дадам. Чувствував дека ќе се загушам. Во мене нешто врескаше дека морам да се тргнам од сцена. Ми требаше обнова и регенерација. Едноставно, сите некогаш доаѓаме до точка од која повеќе не можеме. Тоа е животот. Ако човекот не се развива и не напредува, ќе стагнираме. Треба некогаш да застанеме и да повлечеме линија – вели популарната Дорис Драговиќ, објаснувајќи зошто ја немапе на сцената.

Познатата пејачка, која наскоро доаѓа во Македонија, раскажува и за нејзината вера. Во последниов период, Хрватите велат полесно е да ја видите во црква, отколку на сцена.

-Црквата ми значи се. Се свое ставив на таа карта и дозволив Бог да ми помага и да ме води. Вербата во него не е залудна, тој  смирено чека некаде пред нашите врати, да му отвориме и да го пуштиме во нашите животи. Молитвата ми значи многу, во секојдневниот живот. Ме потсетува на тоа од каде сум дошла, каде идам, и која сум сега – коментира пејачката.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top