Една од најубавите манекенки кај нас, која ја обележа модната сцена во 1990-тите години, а во 1993 година ја однесе и титулата „мис на Македонија“, Вера Мештеровиќ, минатата година се разведе со сопругот Игор Кралевски, со кого беше десет години во брак, а синот Андреј и ќерката Јована, кои ги има од бракот со фудбалерот, живеат со неа. Вера, вели, дека воопшто не е лесно да се биде самохрана мајка, но поради нејзините деца мора да биде силна, и затоа, наместо да се сожалува, таа се труди да им го олесни и разубави животот на малите наследници и прави сè што е во нејзина моќ за тие да имаат среќно и исполнето детство.
-Не е лесно, но кога нешто се мора – се мора, и затоа не сакам да се жалам. Јас уживам во времето што го минувам со децата, тие се моја радост, животна инспирација и мотивација, и за нив сум во состојба да направам сè- вели Мештеровиќ, која откако го роди Андреј се повлече од манекенството, но сега повторно се враќа на голема врата па имавме можност да ја видиме во неколку кампањи, вклучувајќи ја и насловната страница иедиторијалот на познатиот магазин за ентериери „Home Style“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Актерката Верица Недеска го напиша сценариото и ќе го режира краткометражниот филм „Вера“
-
Најновите истражувања потврдија: Верата во Бог навистина го продолжува животот!
-
Премиера во Драмски: „Вера, љубов, надеж“ – претстава на Италијанецот Лука Кортина за неговите 12 години поминати во Македонија
-
Утре е голем ден-подарете нешто на вашите ќерки, ги празнуваме Вера, Надеж и Љубов