| четврток, 6 декември 2018 |

Актерката Верица Недеска го напиша сценариото и ќе го режира краткометражниот филм „Вера“

На локација во Хотел „Водно“, денес започнува снимањето на краткометражниот игран филм со наслов „Вера“ по режија и сценарио на Верица Недеска, информираат од Агенцијата за филм во име на продуцентските куќи „Стори Скоп“ и „Фокус Покус Филмс“.

Во филмот се раскажува за младата девојка Ника, која се наоѓа пред голема дилема: Дали да го роди бебето кое го носи или не? Да даде, или да земе живот? Тој ден ја среќава и заборавената актерка Вера, која сака да умре.

Приказната на филмот отвора едно силно морално прашање за еутаназијата како и прашањето за преземање на одговорноста како индивидуа.

Главните улоги во филмот ги толкуваат Сабина Ајрула и Симона Димковска, а останатата актерска екипа ја сочинуваат Александар Степанулески, Јовица Михајловски, Јасмина Василева, Ристо Стефановски и Верица Недеска. Кастингот на филмот ќе го потпише Драгана Милошевска Попова.

Авторската екипа е составена од: Димо Попов-кинаматографер, Жаклина Крстевска- костимограф, Анастасија Јордановска- шминка, Дејан Спасовиќ – сценограф и Гоце Миланоски – монтажер.

Филмот е финансиски поддржан од Агенцијата за филм на Република Македонија и е копродукција помеѓу „Стори Скоп“, „Фокус Покус Филмс“ и филмската академија ФИОФА од Охрид. Како продуцент на филмот ќе се потпише Дарко Попов.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top