| четврток, 6 декември 2018 |

Театарот за развој на креативноста кај децата

Театарот велат дека е посебна инспирација. Нема кој не влегол во онаа сала која собира еден куп културен свет кој за момент станува магичен, заразен, кој предизвикува смеа, плач или поттикнува емоција која не се доживува секој ден.

-Детското Младинско драмско студио СЦЕНА, трета година по ред, се обидува на децата, преку театарот и театарската игра да развие сегменти кои допрва ќе им го менуваат животот. Комуникацијата, социјализацијата, имагинацијата и културната едукација е само дел од она што го врежуваме во чистиот детски дух. Менувањето на навиките и креирањето на вредностите кои се поврзани со читањето, желбата за нешто ново, љубов поинаква од дигиталниот свет. Програмата за едукација е пресликана од факултетските програми за театар, меѓутоа адаптирана на возраста, со конкретни методи за работа со деца и младинци. Часовите се само поттик и правилен патоказ за справувањето со тремата, со јавното говорење, со покажувањето на емоција пред аудиториум. – вели Теа Беговска, театарски режисер и еден од главните едукатори на оваа програма.

Едукативниот процес трае девет месеци, поделен во два семестри, каде младите актери работат на две претстави, со свои премиерни прикажувања во некои од Скопските театарски сали.

-Она на што сме горди, е нашиот проект, сработен со младите актери, во форма на “Бушава Азбука” за театарот, за речникот и интеракцијата наречен “Театарски речник од деца за деца“, додава Миа Кантарџиева, актер и предавач во СЦЕНА.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top