Со победата попладнево на теренот во Ѓорче Петров против екипата на Македонија ЃП македонскиот шампион Вардар со победа од 3-1 се врати на врвот од табелата.
Во првото полувреме поведе Македонија со голот на Јанчевски уште во 11 минута. Во вториот дел Вардар во самиот финиш од мечот успеа да го скрши отпорот на домаќинот со головите на Стојков во 72, Петров во 87 и Гроздановски во 89 минута.
Ова беше прв гол на Гроздановски откако се врати во црвено-црниот дрес. Вардар е во серија од четири натпревари без пораз.
Дејан Блажевски беше јунак за својот тим Турново со два погодоци во дерби пресметката на 12 коло против екипата на Шкендија.
Поведоа играчите на Турново со 2-0 со головите на Блажевски и Пандев. На 2-1 намали Мустафи од белата точка, а конечните 3-1 ги постави двојниот стрелец Блажевски.
Во останатите средби од 12 коло Еуромилк прокоцка водство од два разлика против Пелистер и на крајот успеа да освои само бод. Пелистер во судиското продолжение од натпреварот успеа да израмни на 2-2.
Ренова славеше со 2-0 над Напредок, а Брегалница ја победи екипата на Гостивар со 2-1 откако во поголемиот дел нд натправарот Гостивар играше со играч помалку поради иклучувањето на својот голман Зердески.ж
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.