Летот со капсула на висина од 30 километри од Земјината површина која ја носат балони, не е повеќе привилегија само за Феликс Баумгартнер, компанијата „Ворлд Вју Ентерпрајз“ тоа задоволство ќе му го овозможи на секој кој ќе плати 75 илјади долари.
Компанијата „Ворлд Вју Ентерпрајз“ вчера објави дека ќе организира патување со капсула која ќе биде крената на висина од 30 километри над Земјината површина со помош на балон.
Претставничката на компанијата Џејн Поинтер изјави дека неколу часа набљудување на нашата планета ќе ги чини 75 илјади долари.
Истата оваа компанија во февруари предложи во 2018 со приватен аранжман, млад брачен пар да го пратат на Марс.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.